Израел не се откажал од ракетирање на иранските нуклеарни постројки

Од:

Израел не и дал никакви гаранции на американската администрација дека нема да ги таргетира иранските нуклеарни постројки како одмазда за неодамнешниот ракетен напад на Иран, изјави за Си-Ен-Ен неименуван висок претставник на Стејт департментот.

Официјалниот претставник додаде дека е „навистина тешко да се каже“ дали Израел ќе возврати на иранскиот напад на годишнината на 7 октомври од нападот на Хамас врз јужен Израел, но дека тој верува дека одмаздата најверојатно ќе се случи пред или по тој ден.

Тој посочи дека САД речиси една година се ангажирани за спречување на конфликтот во Појасот Газа да се претвори во поголема регионална војна, но и покрај тоа, регионот на Блискиот Исток сега е на работ на војна.

Би можело да ве интересира

Папата во критична состојба

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк