Израел најави одговор, Иран им се закани на САД и на Јордан

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека неговата земја ќе постигне победа откако војската соопшти дека ги соборила речиси сите од повеќето од 300 беспилотни летала и проектили лансирани од Иран во остра ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

Нападот на Техеран доцна синоќа, започнат по наводниот израелски воздушен напад врз комплексот на иранската амбасада во Дамаск на 1 април, во кој загинаа офицери на елитниот Корпус на Исламската револуционерна гарда, ја зголеми заканата од поширок регионален конфликт.

Иран се потпира на нападите на сојузниците во регионот врз израелски и американски цели за да покаже поддршка за палестинската милитантна група Хамас во војната во Газа, која не покажува знаци дека ќе попушти и покрај бројните напори за посредување. Пресретнавме, одбивме, заедно ќе победиме“, објави Нетанјаху на социјалната мрежа Х.

Израелската војска објави дека нејзините вооружени сили собориле повеќе од 99 отсто од иранските беспилотни летала и ракети и разговараат за дополнителни опции. Израелската телевизија Канал 12 цитираше неименуван израелски функционер дека ќе има „значаен одговор“ на нападот.

Иран предупреди дека во тој случај одговорот ќе биде уште посилен и го предупреди Вашингтон дека во случај на негова поддршка за Израел, цел ќе бидат американските бази во регионот.

Војната во Газа, која започна со нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, ги засили тензиите во регионот, проширувајќи се на фронтовите со Либан и во Сирија.

Иранската новинска агенција Фарс цитира извор кој вели дека Техеран внимателно го следи Јордан, кој би можел да стане следната цел во случај на какви било потези за поддршка на Израел.

Би можело да ве интересира

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски