Израел: На муслиманите им е дозволена молитва во Ерусалим

Од:

Израелската полиција првпат од почетокот на најновата ескалација на насилствата, објави дека муслиманите од сите возрасти можат да влезат на најчувствителното светилиште во Ерусалим на традиционални молитви во петок попладне.

Од средината на септември на младите мажи муслимани не им беше дозволен влез на местото, кое е свето за Евреите и за муслиманите и често беше место на судири на двата народа.

Полицијата ја воведе забраната за да спречи нереди пред џамијата Ал Акса, трета по значење во исламот. Муслиманите ги сметаат ограничувањата за обид на Израел да ја прошири контролата над светилиштата, што израелските лидери остро го негираат.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас