Израел ја прекина соработката со УНЕСКО

Од:

Израел денеска ја прекина соработката со УНЕСКО, еден ден откако агенцијата за заштита на културното наследство при ОН усвои предлог-резолуција, за која Израелците сметаат дека ги негира длабоките, историски врски на Евреите со светите области во Ерусалим.

Предлог-резолуцијата на УНЕСКО, која ја предложија арапските држави, ги содржи само исламските имиња за ридовите на кои се наоѓаат и еврејските и муслиманските светилишта, меѓу кои е и Западниот ѕид – остаток од библискиот храм и најсвето место каде што се молат Евреите.

Оценката за предлог-резолуцијата се очекува кон почетокот на следната недела, но е малку веројатно дека содржината ќе биде изменета.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел ја игнорира наредбата на Хашкиот суд, продолжи со нападите на Рафа

Катерина Ѓуровски

„Њујорк тајмс“: Европа се одвраќа од Израел, го доживува како агресор

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа