Израел ја обвини кинеската ЦЦТВ за антисемитизам во програмата за конфликтот во Газа

Од:

Израелската амбасада во Пекинг упати протест против наводниот „отворен антисемитизам“ во програмата на кинеската телевизија ЦЦТВ за израелско-палестинскиот конфликт во Газа.

„Ние сме згрозени кога гледаме очигледен антисемитизам во програмата на официјалните кинески медиуми“, напиша израелската Амбасада на Твитер.

Во соопштението, исто така, се наведува дека тие се надеваат „дека завршило времето на теориите на заговор за тоа дека Евреите го контролираат светот, но, за жал, антисемитизмот повторно го покажа своето грдо лице“.

Новинарите не успеаја да добијат одговор од амбасадата за што конкретно реагираа.

Водителот на една емисија што ја обработуваше темата за конфликтот во Газа на кинеската ЦГТВ праша дали американската поддршка за Израел навистина се темели на заеднички демократски вредности или „на влијанието на богатите Евреи во САД и еврејското лоби“.

ЦЦТВ, компанијата под чие покровителство работи ЦГТВ, засега не дава коментар за израелскиот протест.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“