Израел: Иран е вклучен во нападот на Хамас, имаме докази

Од:

Израел има докази за вмешаност на Иран во терористичкиот напад на Хамас во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе, а беа киднапирани повеќе од 200, изјави висок израелски воен офицер. Генерал-мајор Мајкл Еделштајн, командант ветеран кој работи со Јужната команда на израелските одбранбени сили, рече дека напаѓачите биле „добро обучени, добро опремени“.

„Дефинитивно можете да ги видите доказите… Имаме докази за вмешаност на Иран“, рече тој на брифингот со новинарите откако израелската војска прикажа речиси 45-минутна компилација од снимката од масакрот на 7 октомври. Командантот не презентираше никакви конкретни докази за иранската вмешаност. Тој исто така одби да елаборира за какви докази се работи. „Не можам да објаснам премногу, но можете да разберете што мислам. Не само за опремата, туку и повеќе од тоа“, рече тој.

На прашањето дали собраните докази значат дека борците на Хамас биле обучени во странство, израелскиот офицер рече: „Не можам да образложам. Жал ми е. Тие изградија места за обука во Газа и можам да кажам дека се однесуваат многу професионално. за жал, на злобен начин. Но, вака се обучени да работат“.

„Дојдоа со наредба да се колат и палат граѓаните“

Офицерот, исто така, рече дека документите пронајдени на телата на милитантите кои биле убиени во нападот, како и на десетици борци кои биле заробени, даваат докази за конкретните упатства што им биле дадени. „Тие дојдоа со наредба за колење, палење граѓани – не воен персонал, едноставно граѓани“, рече генерал-мајор Еделштајн. „Тие бараа семејства во еден од кибуците. Едноставно решија да ги запалат семејствата во нивните домови… Од друга страна, земаа живи заложници“, додаде тој.

Израелската влада објави некои од документите за кои вели дека биле пронајдени кај напаѓачите. Меѓу нив е еден опишан како „прирачник за киднапирање“, а друг за кој се вели дека содржи „оперативни планови“.

Израелскиот претседател изјави за Sky News во неделата дека милитантите на Хамас имаат инструкции како да направат хемиско оружје.

Запрашан дали тоа значи дека палестинската група има способност да произведува хемиско оружје, генерал-мајор Еделштајн рече: „Ние сè уште бараме докази за тоа дали го имаат или не. Но, имаше наредби, како што спомна нашиот претседател… беа наредби колку да се убие, како да се убие, колку да се земат како заложници. Имаше наредби за силување. Тоа не беше нешто што тукутака се случи… се беше напишано и нарачано“.

Би можело да ве интересира

Без одобрение на Конгресот-САД испраќаат голема количина оружје за Израел

Предраг Петровиќ

Израел: „Водачот на Хамас е опкружен“

Шефот на ОН го налути Израел со изјавата за Хамас: „Итно поднеси оставка“

Абас: Напаѓањето на болницата во Газа е страшен воен масакр што не може да се толерира

АФП објави список на странски државјани кои се убиени, исчезнати или земени како заложници во Израел

Ирска го предупреди Израел: Нема поддршка ако се пука по цивили