Израел и Либан постигнаа историски договор за заедничката поморска граница

Од:

Израел и Ливан, после повеќедецениските тензии, конечно се договорија за заедничката поморска граница во Средоземното Море, соопшти израелскиот премиер Јаир Лапид.

-Ова е историско достигнување што ќе ја зајакне безбедноста на Израел, ќе внесе милијарди во израелската економија и ќе обезбеди стабилност на нашата северна граница, рече Лапид.

Договорот утре ќе биде доставен на одобрување до неговиот Совет за безбедност и владата, пред да биде разгледан од парламентот, се наведува во соопштението на Лапид.

Либански Хезболах, моќното вооружено движење кое Израел го смета за свој главен непријател, даде зелено светло за договорот постигнат со посредство на САД за воспоставување на поморските граници на Либан со Израел, изјавија вчера двајца високи либански извори.

Висок либански владин функционер и функционер близок до Хезболах изјавија дека партијата се „согласила“ со условите од договорот и дека преговорите се „завршени“.

Двете земји со години наназад се расправаат за точната граница.

Конфликтот се засили по откривањето на наоѓалишта на природен гас во спорното подрачје.

Израел сака што поскоро да почне со производство на гас од гасното поле Кариш, дел од поморската област што и Израел и Либан ја сметаат за ексклузивна економска зона.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски