Израел и Хамас договориja примирје, бомбите треба да стивнат уште вечерва

Од:

Египетската државна телевизија вечерва објави дека Израел и Хамас се согласиле на примирје кое ќе започне во првите часови од петок.

Засега нема официјална потврда за договорениот прекин на огнот, но таков исход на денешните преговори меѓу двете страни со посредство на Египет се навестуваше уште во текот на денот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговиот кабинет гласал едногласно за „заедничко и безусловно“ примирје според планот предложен од страна на Египет, но додаде дека не се знае од кога точно тоа ќе стапи во сила.

Најсилните судири меѓу палестинската милитантна организација Хамас и израелските безбедносни сили во последните седум години, започнаа пред единаесет дена, откако израелската војска упадна во ерусалимската џамија Ал-Акса, едно од најважните светилишта во исламската религија.

По насилниот одговор на Израел на протестите на палестинските верници, Хамас започна ракетни напади врз израелските градови, а Израелците одговорија со жестоко одмаздувачко бомбардирање на Газа, во кое загинаа стотици цивили.

Но, само неколку минути откако беше објавено за примирјето, двете страни како да поитаа да ги искористат последните часови за нови напади. Сирените за воздушна опасност се огласија во пограничните израелски градови, а новинар на Ројтерс јави за израелски воздушен напад врз Газа. Кусо по овие напади, немаше информации за евентуални жртви. Меѓусебното бомбардирање претходно траеше речиси преку целиот ден.

Од почетокот на судирите на 10 мај, во Газа животите ги загубија 232 Палестинци, од кои 65 деца, а над 1.900 луѓе се ранети, според здравствените власти во Појасот Газа. Израел, кој пријави вкупно 12 загинати и неколку стотици ранети во ракетните напади на Хамас, тврди дека во бомбардирањето на Газа загинале најмалку 160 војници на Хамас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“