Израел го нападна Хезболах на либанска територија

Од:

Во текот на ноќта израелски авиони извршија напад врз Хезболах, на територијата на Либан, како одговор на претходниот ракетен напад.

Според последните информации, дванаесет лица, меѓу кои и деца, загинаа во ракетен напад на фудбалското игралиште на заедницата Друзи во анектираната Голанска Висорамнина, на северот на Израел.

„Во текот на ноќта израелските воздухопловни сили нападнаа голем број терористички цели на Хезболах длабоко на територијата на Либан, во јужната област, вклучувајќи складишта за оружје и терористичка инфраструктура. Цели беа нападнати во областите Чабриха, Борџ Ел Чмали и Бекаа, Кфаркела, Раб Ел Талатин, Киам и Таир Харпа“, соопшти израелската армија.

Претходно израелските власти за нападот го обвинија либанскиот исламистички Хезболах, кој работи под покровителство на Иран. Сепак, Хезболах ги отфрли ваквите обвинувања и објави дека „нема никаква врска со тоа“ и категорично ги отфрли таквите обвинувања.

Би можело да ве интересира

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Ал Џезира: Израел утре ќе ослободи 90 палестински затвореници

ВИДЕО: Хаос при предавањето на заложниците во Газа, Израел го одложи ослободувањето на затворениците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Катерина Ѓуровски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Хамас утре ќе ослободи тројца израелски заложници