Израел го бојкотира Советот на ОН за човекови права

Од:

Советот на Обединетите нации за човекови права денеска го одложи спроведувањето на планираниот „прoверка на човекови права“ во Израел, откако земјата објави дека ќе го бојкотира собирот поради неговата необјективност.

Советот на ОН со седиште во Женева, одлучи да ја одложи седницата до ноември, и побара од претседателот Ремигиуш Хенцел да преземе соодветни чекори во рамките на својот мандат и да апелира до земјата да ја обнови соработката.

Досега се нема случено една земја да преземе ваква акција. Сепак, реакцијата на Израел е очекувана поради критиките на Советот. Одлуката донесена минатата година за спроведување истрага на еврејските населби на Западниот брег е главната причина Израел да ја прекине соработката.

– По серија гласања, соопштенија и инциденти донесовме одлука да ги суспендираме работните односи со ова тело, изјави портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Јигал Палмор.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави