Израел ги уапси двајцата Палестинци, кои со секири убија тројца Евреи во градот Елад

Од:

Двајцата Палестинци, кои беа осомничени за убиството на тројца Израелци во напад со секира во централниот израелски град Елад, се уапсени денеска по повеќе од два дена прогон, соопштија безбедносните сили.

„Уапсени се двајцата терористи, кои убија тројца израелски цивили во смртоносниот напад во градот Елад“, се наведува во заедничкото соопштение на полицијата, армијата и Агенцијата за домашна безбедност по големата потрага.

Деталите за местото на апсењето не се откриени.

Полицијата претходно ги идентификуваше осомничените како Асад Јусеф ал-Рифаи (19) и Субхи Имад Абу Шукаир (20).

Смртоносниот напад во четвртокот вечерта во Елад, населен со ултраортодоксни Евреи, беше шести од 22 март.

Очевидци изјавија дека двајца напаѓачи излегле од автомобил, мавтајќи со секирите кон минувачите, оставајќи зад себе тројца мртви и четворица ранети, пред да побегнат со истото возило.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“