Израел очекува испораките на вакцината, развиена од американската компанија „Модерна“, да започнат најдоцна во март, изјави министерот за здравство Џули Еделштајн.
Израел во јуни потпиша првичен договор за набавка на вакцини од „Модерна“, кој подоцна беше проширен за шест милиони дози.
Лондонски „Гардијан“ вчера објави дека Израел има намера да стане една од првите земји во светот што ќе го вакцинира поголемиот дел од населението против коронавирусот.
Вакцинацијата во Израел започна минатата недела, а се планира поголемиот дел од популацијата со зголемен ризик да биде вакцинирана до крајот на јануари.
Доколку вакцините „Фајзер“ се достават на време, најголемиот дел од популацијата, освен деца под 16 години, ќе бидат вакцинирани до март следната година.
Израелските медиуми јавуваат дека планот на Владата е да вакцинира 150.000 луѓе или повеќе на ден.