Израел е задоволен од компромисната спогодба меѓу Конгресот и Обама за нуклеарниот договор со Иран

Од:

Израел е задоволен од компромисната спогодба меѓу Конгресот на САД и Владата на претседателот Барак Обама во врска со нуклеарниот договор со Иран.

Претседателот Обама се согласи да го потпише предлог-законот со кој на Конгресот му се дава право да отфрли каква било нуклеарна спогодба со Иран.

Израелскиот министер за разузнавање Јувал Штајни изјави преку државното радио дека постигнатата согодба е „достигнување на израелската надворешна политика“.

– Говорот на премиерот Бенјамин Нетанјаху пред Конгресот на САД беше решавачки за изработка на тој нацрт-закон, кој е исклучително важен за спречување на постигнување на лош договор, додаде Штајни.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски