Израел: Ајатолахот е мртов

Од:

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. Високи израелски функционери изјавија за неколку медиуми дека ајатолахот е мртов, но засега нема официјална потврда од Иран. Според израелските медиуми, неговото тело е пронајдено во урнатините на палатата.

Израелскиот Канал 12, исто така, објави дека документи за телото на Хамнеи наводно му биле презентирани на премиерот Бенјамин Нетанјаху. И покрај овие тврдења што доаѓаат од Израел, сè уште нема официјална реакција или потврда од Техеран за судбината на врховниот лидер.

„Непријателот посегнува по ментална војна, сите треба да бидат свесни“, рече раководителот за односи со јавноста во канцеларијата на иранскиот врховен лидер, според иранските државни медиуми.

Иранската агенција Тасним утрово објави дека седум ракети го погодиле подрачјето во близина на претседателската палата и комплексот на врховниот верски лидер во Техеран. Сателитските снимки покажаа дека резиденцијата на ајатолахот е целосно уништена во нападот.

Претходно, иранските медиуми објавија дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е префрлен на безбедна локација надвор од Техеран, а потоа беше објавено и дека иранскиот претседател Масуд Пезешкијан е „безбеден и здрав“.

Иранското Министерство за надворешни работи пред неколку часа објави дека врховниот лидер и претседателот на земјата се живи и здрави, откако се појавија информациите за нападот врз комплексот во Техеран. „Сите се безбедни и неповредени“, изјави портпаролот на министерството.

Израелскиот премиер Нетанјаху го повика иранскиот народ да ја искористи можноста за соборување на режимот, тврдејќи дека ајатолахот Хамнеи можеби повеќе не е жив.

Кој е Али Хамнеи?

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, една од највлијателните личности на Блискиот Исток, го има последниот збор за сите клучни политики, е врховен командант на вооружените сили и ја контролира Револуционерната гарда.

Хамнеи е роден во 1939 година во Машхад, вториот по големина град во Иран, во семејство на свештеници. Таму тој добил религиозно образование, по што се посветил на политички активизам против Шахот, монархот кој владеел со земјата до Исламската револуција во 1979 година. Тој бил во егзил во текот на 1960-тите, а се вратил дури по соборувањето на Шахот.

Тој бил близок соработник на водачот на револуцијата, ајатолахот Рухолах Хомеини, и брзо се искачил во државната хиерархија. Откако други клучни политички фигури биле убиени во атентати, а самиот Хамнеи преживеал напад во кој му била парализирана десната рака, тој станал претседател на Иран на избори без конкуренти.

Би можело да ве интересира

Техеран поставува услови: Планот од 10 точки на Иран станува основа на мировните преговори

Хамнеи постави ултиматум

Техеран не сака прекин на огнот што би им овозможило на САД и Израел повторно да нападнат

Горан Наумовски

САД тајно подготвуваат „технологија за апокалипса“ за Иран

САД: Иран не смее да им наплаќа на танкерите за премин низ Ормутскиот теснец

САД вршат притисок врз Израел за деескалација на конфликтот во Либан