Перуанката Јулија Муњоз Хуаман (41) „луда“ од љубомора, со кујнски нож, му го отсекла пенисот на својот неверен сопруг, соопштија денеска перуанските медиуми.
Таа го признала делото пред полицијата, дека го „осакатила“ сопругот Рамон, додека тој спиел, а отсечениот дел го пуштила во ВЦ- шолјата.
Настанот се случил во еден хотел во Лима, па чуварите вознемеирени од криците на мажот, ја фатиле безмилосната сопруга и повокале полиција.
Повредениот Рамон веднаш бил однесен во болница.