Излезноста на европските избори точно 43,1 проценти

Од:

Портпаролот на Европскиот парламент, Жаум Душ-Жило, синоќа во пленарната сала на Европарламентот во Брисел објави дека 43,1 процент од нешто над 400 милиони регистрирани гласачи во Европската унија излегле овие денови на изборите за новиот состав на европскиот законодавен дом, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Според гласноговорникот на Европарламентот, ова прво провизионално оценување на европска излезност е историски момент, оти за првпат по 1979 година, долгогодишната неизлезност на гласачите е победена и сега повторно се забележува зголемување на бројот на гласачи, па околу 180 милиони граѓани со право на глас во Унијата го оствариле своето право за овие избори.
Во однос на државите, убедливо најголема излезност имало во Белгија и Луксембург, каде дури 90 отсто од граѓаните го дале својот глас за некој од кандидатите за пратеник во Европскиот парламент. А, убедливо најмала излезност на гласачите имало во Словачка, каде само 13 проценти од граѓаните го оствариле своето право на глас. Втора најслаба излезност на ниво на ЕУ е забележана во Словенија, каде само 21 отсто од граѓаните гласање за европските избори, а по Словенците следи Хрватска со 24,3 проценти излезност.

Кај сите 28. земји-членки на ЕУ е забележана следната излезност: Австрија: 45,0 проценти, Белгија 90,0 отсто, Бугарија: 40,2, Хрватска 24,3, Кипар 42,4 отсто, Чешка 19,5, Данска 55,0 отсто, Естонија 36,4, Финска 40,9, Франција 43,5 отсто, Германија 47,9, Грција 57,4, Унгарија 29,2 отсто, Ирска 51,2, Италија 60,0 отсто, Летонија 30,0, Литванија 37,3, Луксембург 90,0, Малта 74,8 отсто, Холандија 37,0, Полска 22,7, Португалија 34,5 отсто, Романија 34,7, Словачка 13,0, Словенија 21,0 отсто, Шпанија 44,7, Шведска 51,0 и Велика Британија 36,0 отсто излезност.

Портпаролот на ЕП, Душ-Жило, точно за полноќ најави и објавување на првите прелиминарни резултати во однос на избраните европратеници и политички партии за 751 место во Европарламентот.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија