Изборна победа на социјалдемократите во Шведска

Од:

Трите црвено-зелени пратии во Шведска – социјалдемократите, зелените и Левата патија – освоија вкупно 43,7 отсто од гласовите на вчерашните парламентарни избори, наспроти 39,1 осто колку што освои алијансата на десинчарско-центристичката коалиција, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

– Подготвен сум да формирам нова Влада, рече во своето обраќање лидерот на социјалдемократите Стефан Ловен, чија партија се враќа на власт по осум години поминати во опозициските пратенички клупи.

Социјалдемократите освоија 31,2 проценти додека модератите на досегашниот премиер Фредрик Рајнфелд забележаа резултат од 23,2 отсто од изборните гласови, а што е за речиси седум проценти послаб резултат од претходните парламентарни избори.

– Им пружам рака на сите демократски партии, рече Стефан Ловен, најавувајќи го почетокот на процесот на формирање на нова коалициска влада, додавајќи дека тоа не се однесува и на екстремно-деничарската партија Шведски демократи.

Токму Шведските демократи со својот двојно поголем изборен успех од претходните избори и освоени 12,9 проценти од гласовите внесоа најголема загриженост и конфузија околу идното функционирање на Парламентот-Риксдаг, со оглед на тоа дека сите парламентарни партии во предизборната кампања јасно се оградија од можноста да соработуваат со нив во барањето парламентарно мнозинство.

Шведските демократи, познати пред се по своите екстремни ставови кон имигрантите и доселениците, сега се трета најголема партија во шведскиот Парламент. Формирањето на нова Влада ќе биде мошне тешко доколку сосема се отфралт ставовите и заложбите на Шведските демократи, имајќи предвид дека победничкиот левичарски блок нема сопствено мнозинство во Парламентот.

Социјалдемократите славеа победа и на локалните избори, кои вчера се одржаа напоредно со парламентарните, во трите најголеми општини во Шведска – во Стокхолм, Гетеборг и Малме.

Шведскиот премиер Фредрик Рајнфелд во вчерашното обрачање од изборниот штаб на Партија на Модератите го соппшти изборниот пораз и воедно и својата оставка од функцијата претседател на шведскат Влада.

Тој истовремно ја најави и својата оставка на функцијата претседател на конзервативната модератна партија напролет идната година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата