Избегната е авионска катастрофа на аеродромот во Сиднеј

Од:

Авион на „Џетстар“ денеска за малку ќе се судреше со авионот на „Катар ервејс“ на пистата на аеродромот во Сиднеј, при што еден член на екипажот на „Џетстар“ е повреден, соопштија денес претставници на авиокомпанијата. Во соопштението се вели дека нема повредени патници во инцидентот, објави ABC News.

Авионот „Џетстар А320“ морал силно да закочи за да избегне судир со „Боинг 777“ околу 7 часот наутро по локално време, па двата авиона одеднаш застанале.

Летот JQ402, насочен кон Голд Коуст, се движел кон пистата кога се случил инцидентот.

„Нашиот авион ги следел упатствата за контрола на летање кога пилотите биле принудени силно да сопираат откако друг авион се приближил. Почнавме истрага за инцидентот“, изјави портпаролот на „Џетстар“.

„Ерсервисис Австралија“ соопшти дека по инцидентот се спроведени мерки за управување со воздушниот сообраќај, вклучително и растојание помеѓу полетувањата „за безбедно управување со проектираниот лет и барањата за полетување“.

„Авиокомпанијата го истражува инцидентот и ќе помогне во секоја безбедносна истрага“, се вели во соопштението.

Австралиското биро за безбедност во сообраќајот (ATSB) исто така го истражува инцидентот на аеродромот, од каде соопштија дека Боингот 777 претрпел помала штета во инцидентот.

Би можело да ве интересира

Детали за авионската несреќа на Алпите: Загина познат бизнисмен

(ВИДЕО) Деца загинаа во авионска несреќа, нивните родители се борат за живот

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот

(ВИДЕО) Се урна грчки воен авион, засега нема информации за евентуални жртви

Трагедија во Хрватска: Пронајден остатокот од авионот и телата на две лица по драматичната потрага

Предраг Петровиќ

Изгубен е контактот со мал авион во Хрватска, во тек е операциja за пребарување и спасување

А1он