Иванка Трамп: Нема да учествувам во претседателската кампања на татко ми

Од:

Иванка Трамп реши да се повлече од политиката, присуство „нејзините мали деца и приватниот живот“ сега и се приоритет.

Доналд Трамп во вторникот ја започна својата кандидатура за претседателските избори во САД во 2024. Веста ја соопшти од своето одморалиште на Флорида. Со него беа присутни членовите на семејството, меѓу кои и неговата сопруга Меланија и синот Ерик. Таму бил и сопругот на Иванка, Џаред Кушнер, но таа не била таму.

“Многу го сакам татко ми. Но, овојпат приоритет им давам на моите мали деца и на мојот приватен семеен живот. Не планирам да се занимавам со политика”, рекла Иванка Трамп, а пренесува The Guardian.

„Иако секогаш ќе го сакам и ќе го поддржувам татко ми, во иднина тоа ќе го правам надвор од политичката арена. Благодарен сум што ја имав честа да му служам на американскиот народ и секогаш ќе бидам гордa на многуте достигнувања на нашата администрација“ додаде таа.

Иванка Трамп и Кушнер одиграа клучна улога во администрацијата на Трамп. Откако Џо Бајден го победи Доналд Трамп на изборите во 2020 година, Иванка Трамп и нејзиното семејство се преселиле во замок во Флорида. Таа неодамна сведочеше пред специјалниот конгресен комитет кој го истражува нападот на Капитол во 2021 година.

Би можело да ве интересира

Иванка Трамп мора да сведочи против нејзиниот татко на судењето во Њујорк

Горан Наумовски

Иванка Трамп повикана да сведочи во истрагата за нападот на Капитол

А1он

Иванка и Доналд Трамп помладиот одбија да сведочат во истрагата за бизнисот на нивниот татко

Ана Ололовска

Синот и ќерката на Трамп повикани на распит пред Јавната обвинителка на Њујорк

А1он

И Иванка Трамп и Џаред Кушнер „се повлекле“ од Вашингтон, рентаат луксузен апартман во Мајами

Жарко Настоски

Иванка Трамп сослушана под заклетва поради злоупотреба на средства

Ана Ололовска