Италијанските власти против погребувањето на нацистот Прибке во Рим

Од:

Цивилните и црквените власти во Италија ќе ги преземат сите мерки за да спречат во Рим да биде погребан нацистичкиот злосторник Ерих Прибке, кој почина во петокот во Италија, во 101 година од животот.

Градоначалникот на Рим Ињацио Марино, кој припаѓа на политичкиот лев центар, изјави дека би била навреда Прибке да се погреба во италијанската престолнина, истакнувајќи дека ќе стори се што е во негова моќ тоа да го спречи.

Црквените власти, исто така, соопштија дека нема да одржат опело за нацистичкиот злосторник.

Прибке претходно изрази желба да биде погребан покрај својата сопруга во Аргентина, каде пребегна после Втората светска војна, но властите во Буенос Аирес одбија да го примат неговото тело.

Прибке го одрекуваше холокаустот и никогаш не се извини за едно од најголемите злосторства во Италија од 1944 година, кога беа убиени 335 цивили.

Пред тоа, Прибке беше еден од главните мачители и убијци во римскиот штаб на СС и Гестапо.

Испорачан е на Италија во 1995 година, а три години подоцна беше осуден на доживотна казна затвор. Во 2003 година казната му е преиначена во домашен притвор поради лошата здравствена состојба.

 

Би можело да ве интересира

Австралија ги забрани нацистичките поздрави, сувенири и симболи

Горан Наумовски

Шокантно откритие на градската управа на Потсдам – Јозеф Гебелес е се уште на листата на почесни граѓанини

Ана Ололовска

96-годишна Германка, поранешна секретарка во нацистички логор, побегнала пред судење

Унгарија казнета со одржување на еден квалификацискиот натпревар за СП 2022 без гледачи поради расизам против играчите на Англија

А1он

Нацистичкиот генерал 12 години работел во западногерманското разузнавање

Ана Ололовска

Внукот на Ањели пријавил смртни закани по објава на Твитер за фашистички групи

Жарко Настоски