Шокантно откритие на градската управа на Потсдам – Јозеф Гебелес е се уште на листата на почесни граѓанини

Од:

Градот Потсдам призна дека неодамна дошол до многу непријатно откритие – дека почесното државјанство што во 1938 година му било доделено на нацистичкиот министер за пропаганда Јозеф Гебелс никогаш не е укинато, јави денеска ДПА.

Оваа чест му била доделена на високиот нацистички функционер од градот Бабелсберг на 1 април 1938 година, една година пред тој да биде придодаден на Потсдам, главниот град на покраината Бранденбург.

Иако ваквиот тип на почести вообичаено завршуваат кога носителот на чест ќе почине – во случајот на Гебелс тоа би било 1 мај 1945 година – тој се уште е на листата на почесни граѓани.

На веб -страницата на почесни граѓани на Потсдам од XIX. век се наведува дека титулата почесен граѓанин што му била доделена на Гебелс „не била постхумно укината, најверојатно поради незнаење на фактот дека му е доделена“.

Откритието е направено во текот на летото од персоналот во градската управа кој ја проучувал листата на почесни граѓани.

Би можело да ве интересира

Австралија ги забрани нацистичките поздрави, сувенири и симболи

Горан Наумовски

96-годишна Германка, поранешна секретарка во нацистички логор, побегнала пред судење

Унгарија казнета со одржување на еден квалификацискиот натпревар за СП 2022 без гледачи поради расизам против играчите на Англија

А1он

Нацистичкиот генерал 12 години работел во западногерманското разузнавање

Ана Ололовска

Внукот на Ањели пријавил смртни закани по објава на Твитер за фашистички групи

Жарко Настоски

Европа скромно ќе го одбележи Денот на победата

Ана Ололовска