Италијанските пратеници ја поддржаа резолуцијата за Палестина

Од:

Италијанските пратеници денеска ја поддржаа незадолжителната резолуција, со која се охрабрува Владата да ја признае Палестина како суверена држава, што е потег што го истакнува незадовoлството во Европа поради застојот во блискоисточните мировни преговори.

Европските земји се повеќе го критикуваат Израел, земјата која од пропаста на преговорите со Палестинците, во април минатата година, ги проширува еврејските населби на окупираните палестински територии.

Резолуцијата е изгласана со 300 гласа „за“ наспроти 45 гласови „против“, а иницијатор беше Демократската партија на премиерот Матео Ренци, пренесуваат британските медиуми.

И додека повеќето земји во развој ја признаа Палестина како држава, владите на земјите од Западна Европа не ја признаваат. Тие го поддржуваат ставот на Израел и САД дека државноста треба да биде резултат на преговори.

Денешното симболично гласање не ја менува позицијата на италијанската Влада, која, како и другите европски земји, и натаму ги поддржува преговорите за дводржавно решение на деценискиот судир меѓу двата народа.

Франција, Ирска, Велика Британија, Шпанија, Португалија и Луксембург во текот на изминатите месеци изгласаа слични резолуции во своите Парламенти. Шведска единствена отиде понатаму и официјално ја призна Палестина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески