Италијанскиот претседател ќе сведочи зад затворени врати

Од:

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано денеска ќе сведочи во рамки на судењето за наводни тајни преговори меѓу државата и мафијата во 90-тите години на минатиот век.

Предвидено е Наполитано (89) да сведочи зад затворени врати во претседателската палата.

Јавноста и опозициските партии бараа неговото сведочење да биде јавно и да се пренесува на телевизија.

Наполитано во октомври минатата година се обрати до судот во Палермо, наведувајќи дека не би можел ништо значајно да каже за случајот, но дека е подготвен да биде сведок ако тоа се побара од него.

Судскиот случај се однесува на наводни тајни преговори меѓу владини функционери и лидери на сицилијанската мафија на почетокот  на 90-тите години на минатиот век за избегнување истраги за низа убиства. Во тие напади се убиени судии и еден пратеник.

Обвинети се десет лица, меѓу кои и поранешниот министер за внатрешни работи Никола Мансино и шефот на мафијата Тото Рино, кој се наоѓа во затвор.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага