Италијанскиот министер за сообраќај и инфраструктура Маурицио Лупи поднесе остава

Од:

Италијанскиот министер за сообраќај и инфраструктура Маурицио Лупи денеска поднесе оставка. Тој истакна дека презема политичка одговорност за местење на тендерии.

Против Лупи не е подигнато обвинение, ниту е покрената официјална истрага.

Во корупцискиот скандал вмешан е и синот на Лупи, кој од бизнисменот Стефан Пероти доби часовник Ролекс вреден 10.000 евра. Лупи посочи дека и него му било понуден часовник, но го одбил, но не му кажал на неговиот син да го врати.

Кога скандалот беше обелоденет на почетокот од неделата Лупи одбиваше да поднесе оставка. Воп рамките на аферата поради корупција покрената е истрага против повеќе од 50 луѓе, меѓу кои и политичари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески