Италијански свештеник присвои четири милиони евра

Од:

Италијанската полиција го притвори свештеникот Франко Декаминада, осомничен за измама и присвојување на четири милиони евра, од болница во Рим со која управувал, а која му припаѓала на Ватикан.

Монахот е во домашен притвор, бидејќи истрагата утврди дека милиони евра употребил за купување на хациенда со 18 соби и 23 хектари земјиште во Тоскана, во Италија, пренесе „Франс прес“.

Декаминада беше лидер на престижниот дерматолошки институт „Имакулате“ во Рим од 2004 до 2011 година, кој е ставен под специјална управа на Ватикан откако се утврдени губитоци од 600 милиони евра.

Истрагата утврди измама од вкупно 14 милиони евра, од кои четири милиони од сумата директно водат кон Деканинада, кој дневно земал пари од болницата на име надомест за трошоци.

Неколку месеци болницата не ја исплаќаше заработката на 1.500 вработени, меѓу кои се и 300 лекари.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески