Италијански суд ќе преиспитува 300 години стара пресуда

Од:

Италијански суд ќе преиспитува 300 година стара пресуда со којашто во гратчето Брентонико, Марија Бертолети Толдини ди Пилканте е осудена на смрт, откако судот без дилеми утврдил дека е вештица.

Несреќната жена, која била сметана за една од последните живи вештерки, е погубена со отсечување на главата и потоа изгореа на 14-ти март 1716 година, во ова планинско гратче во северна Италија. Судењето било одржано во Брентонико откако жената по измачувањето признала сé што од неа било барано, односно дека е вештерка, дека убивала деца, дека е богохулна и за низа други злосторства.

Претставникот на градската управа Квинто Канали изјави дека повторното судење е потребно за луѓето да се потсетат дека судењето на „вештерките“ биле вистинско злосторство против човечноста, а не само стари легенди и народни приказни.

На негово поттикнување, историчарите собрале докази и градската управа го обврзала апелациониот суд во Тренто да го презиме случајот врз основа на законите кои биле на сила пред 300 години.

Судиите ќе го одржат судењето, така што нема да ги попречува нивните современи правосудни обврски.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага