Италијански министер ќе поднесе оставка поради „Ролекс“

Од:

Италијанскиот министер за сообраќај и инфраструктура Маурицио Лупи изјави дека ќе поднесе оставка , поради скандалот во кој е вмешано и министерството со кое раководи неговиот син, бидејќи Лупи Јуниор од бизнисменот Стефан Пероти добил часовник „Ролекс“ вреден 10.000 евра.

Лупи нагласил дека би одбил доколку нему му бил понуден часовникот, но дека на својот син не му рекол да го врати.

-Можеби погрешив – рекол министерот за сообраќај и инфраструктура.

Како што пренесе „Франс прес“ во рамки на аферата поради корупција покрената е истрага против повеќе од 50 лица, меѓу кои има и политичари.

Некои од нив веќе се уапсени, а меѓу нив е и бизнисменот Стефан Пероти кој на синот на министерот му подарил вреден часовник и го ангажирал во една компанија, пренесуваат италијанските медиуми.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески