Италијанската веб страна на социјалното осигурување нападната од хакери

Од:

Компјутерски хакери ја нападнаа италијанската веб-страница за социјално осигурување, поради што таа денес „падна“, во момент кога луѓето почнаа да аплицираат за бенефиции поврзани со епидемијата на коронавирусот, изјави првиот човек на Агенцијата за социјална заштита (ИНПС), Пасквале Тридико.

Според него, ИНПС примила околу 339.000 барања за помош во висина од 600 евра, но поради хакерите не им бил овозможен пристапот до веб-страницата.

„Имавме претрпено неколку хакерски напади во последните неколку денови и тоа предизвика голем дефект. Тие продолжија и денеска и моравме да ја затвориме веб-страницата“, изјави Тридико за РАИ.

Поради ограничувањата, многу компании престанаа да работат, а во првичниот одговор на економската криза, самовработените или сезонските работници можат да се пријават на ИНПС за помош од 600 евра.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он