Италијанската полиција заплени 3,5 тони албанска марихуана

Од:

Во рамките на акцијата „Одисеја“, спроведена во регионот на Катанија на Сицилија, италијанската полиција запленила 3,5 тони албанска мрихуана.

Како што јавуваат албанските медиуми, запленетата дрога на нарко пазарот достигнува вредност од 70 милиони евра.

Во акцијата се уапсени се 15 лица, меѓу кои седуммина албански државјани од 25 до 46 годишна возраст.

Во друг случај италијанската сообраќајна полиција во автомобил на Албанец открила и запленила 1,1 килограм кокаин со висок квалитет.

Триесет и едногодишниот Албанец, по професија автомеханичар, дрогата ја имал скриено во возило марка „Пежо 206“, кое полицијата го запрела заради рутинска контрола во Берно провиниција Бреша. Поради нервозата која полицајците ја почувствувале кај Албанецот, била направена подетална контрола.

Како што соопшти полицијата, дрогата била набавена за 40 до 50 илјади евра, но кога ќе биде разделена на дози нејзината пазарна цена достигнува околу 300 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага