Италијанската полиција пронајде веспа украдена пред 28 години

Од:

Некои би рекле дека правдата секогаш стигнува, иако некогаш бавно, но во овој случај била навистина бавна. На италијанската полиција и биле потребни цели 28 години за да пронајде украден скутер.

Во саботата, карабиниерите од провинцијата Ферари, јужно од Венеција, пронашле веспа „пјаџо 50“, која му била украдена на тинејџер во далечната 1991. година, јави новинската агенција „Анаса“.

За примање на украден имот е обвинет бизнисмен на возраст од 44 години, стар приближно колку и ограбениот човек.

Полицијата го пронашла скутерот, совршено сочуван, кога мажот се обидел да го регистрира мопедот што го купил за својот 16-годишен син, пренесува агенцијата.

Во извештајот се вели дека во рамки на истрагата запленети се и два мотора за мотоцикли, за кои се верува дека се делови од возила украдени во Неапол во 1995. и 1999. година.

Би можело да ве интересира

Ученичка од Јужен Велс со нож рани двајца професори и ученик

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Грк починал во битолско казино

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците