Италијанска компанија ќе тестира вакцина против коронавирусот

Од:

Во Велика Британија овој месец почнува човечкото тестирањето на вакцина за коронавирусот која ја направи италијанската фармацевтска компанија „Адвент-Ирбм“ во соработка со Институтот „Џенер“, кој е дел Универзитетот „Оксфорд“.

Како што јави дописникот на МИА, тестирањето на вакцината ќе се изврши на 550 здрави луѓе.

Од италијанската компанија објавија дека очекуваат вакцината да биде готова веќе во септември, а први бесплатно би ја добиле здравствените работници и безбедносните сили.

Според првиот човек на „Адвент-Ирбм“, Пиеро ди Лоронцо,  решиле веднаш да преминат на тестирање на луѓе, бидејќи ефикасноста и нетоксичноста на вакцината веќе биле тестирани преку ефикасни лабораториски тестирања.

Според Ди Лоронцо, тие веќе разговарале со повеќе инвеститори и влади кои изразиле подготвеност да го помогнат развојот на вакцината.

Инаку, италијанската компанија веќе има развиено вакцина против ебола од која имаат продадено неколку милиони дози.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он