Италија: Започна истрага за несреќата кај Авелин

Од:

Три лица се осомничени за виновни за автобуската несреќа кај Авелин, на југот на Италија, во која починаа 38 лица.

Обвинителот, Розарио Кантелмо истакна дека постои можност осомничените да бидат обвинети за повеќекратно убиство поради негрижа.

Истрагата е започната против сопственикот на автобусот, Ѓенера Ламете, неговиот брат Чир Чамете и возачот кој загина во несреќата.

Целта на истрагата е да се утврди дали автобусот бил редовно сервисиран.

Автобусот во недела удри во неколку автомобили, потоа во заштитната ограда и падна во провалија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески