Италија заплени 1,8 милијарди евра од јапонската банка Номура

Од:

Италијанската полиција заплени денеска 1,8 милијарди евра во сопственсот на јапонската банка „Номура“ и почна истрага против поранешниот директор на банката Садек Сајед поради неговата наводна поврзаност со проблематичната италијанска банка Монте деи Паски.

Обвинителството, исто така, заплени и вкупно 14,4 милиони евра од четири лидери на банката Монте деи Паски ди Сиена, кои се под истрага.

Во соопштението на обвинителството се наведува дека Сајед и Ричи се под истрага поради „сериозно нарушување“ на активностите на надзорниот орган и поради лажни изјави.

Против банката Монте деи Паски кон средината на јануари е почната истрага откако беше отркиено дека лидерите на најстарата банка во светот прикривале трансакции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески