Италија: Запленета дрога во вредност од 15 милиони евра

Од:

Италијанската полиција откри тон дрога хашиш, во вредност од 15 милиони евра, во камион за замрзната храна и притвори холандски државјанин.

Во рамки на истрагата, полицијата се посомневала бидејќи камионот бил забележан на прериферијата во Рим, а сосема на другата страна требало да ја испорача робата.

Зад кутиите со компири кои што се увезени од Холандија, полицијата пронајде различни кутии со хашиш во траки, во тежина од околу 100 грама, завиткани во целофан, соопштија од полицијата.
-Вкупната количина на пронајдената дрога е околу еден тон- стои во соопштението.

Портпаролот на полицијата Алесандро Лангело изјави за „Франс прес“ дека истрагата е во тек и дека полицијата се обидува да ја открие криминалната организација која што стои зад пратката.

Холандија во 1976 година го легализираше поседувањето и продажбата на помала количина од пет грама марихуана.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески