Италија: Уапсени 95 лица поврзани со мафија

Од:

Италијанската полиција вчера уапси дури 95 лица поврзани со мафија, трговија со дрога, перење пари и уцени. Во тек на оваа акција би можело да биде разрешено и убиството на њујоршкиот детектив, кое мафијата го извршила пред еден век.

Двегодишната истрага ја доведе полицијата до членови на две мафијашки групи, кои долги години дејствуваат во западниот дел на Палермо.

Како што пренесе „Ројтерс“, последниве години полицијата и обвинителството ги засилиле ударите на сицилијанската мафија, која што важи за најмоќна криминална група во Италија, додека кланот Ндрангет од Калабрија, зајакнал и станал голем извозник на кокаин.

Еден од приведените, Доменико Палазото во тек на распитот во полицијата рекол дека неговото семејство ја прославило 100-годишнината од убиството на американскиот полицаец, Ѓузепе „Џо“ Петризин, кој дошол на Сицилија за да спроведе истрага против мафијата, која во тоа време во Њујорк била позната како „Црна рака“, а бил убиен на плоштад во Палермо.

-Вујкото на татко ми Паоло Палазото, по налог на својот шеф Дон Вита Каша Фера бил одреден да го убие американскиот полицаец во Палермо-вели тој.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески