Италија спроведува акција за спасување на 3.000 бегалци од 18 чамци во опасност

Од:

Италијанската крајбрежна стража денеска соопшти дека координира акција за спасување на околу 3.000 бегалци во водите во близина на Либија, откако примила повик за помош на 18 преполни чамци.

Најмалку седум бродови учествуваат во операција за спасување на бегалци од 14 гумени чамци и четири други пловни објекти, на кои се наоѓаат меѓу 2.000 и 3.000 лица.

Според податоците на високиот комесаријат на ОН за бегалци, 250.000 лица годинава стигнале до Европа по морски пат, од кои 124.000 во Грција и 98.000 во Италија.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага