Италија: Синот со месеци го чувал телото на починатата мајка поради нејзината пензија

Од:

Италијанските обвинители соопштија дека во северниот дел на Италија, 63-годишниот Франко Сиерло во својот дом со месеци ја чувал неговата мумифицирана мајка со цeл и натаму да ја добива нејзината пензија.

Тој не ја пријавил нејзината смрт и го оставил телото на 90-годишната жена да лежи на троседот на кој починала. Телото на Алба Пеирано било откриено во четвртокот откако нејзиниот лекар, кој не се слушнал со неа подолго време, ја замолил полицијата да провери што се случува со старицата. Полицајците го пронашле телото кое не било допрено од моментот на смртта, најверојатно од август.

„Ова е многу тажна и апсурдна приказна“, рекол во Савона обвинителот Џовани Батиста Феро, додавајќи дека судскиот вештак кој го испитувал мумифицираното тело никогаш досега не видел такво нешто.

Синот на починатата старица, на истражителите им рекол мајка му починала додека ја хранел со јогурт и мирно признал дека ја прикривал нејзината смрт за и понатаму да ја прима нејзината пензија.

Би можело да ве интересира

Притвор од 40 дена за македонскиот државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во Косово

Притвор за осомничен за спречување на полициски службеници да фатат побегнат затвореник

Ученичка од Јужен Велс со нож рани двајца професори и ученик

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Грк починал во битолско казино

Анита Петровска Рајковиќ