Италија: Сенатот му го одзеде имунитетот на Салвини, ќе му се суди за блокада на мигранти на море

Од:

Италијанскиот Сенат гласаше за укинување на парламентарниот имунитет на лидерот на екстремнодесничарската партија Северна Лига, Матео Салвини, со што се отвора патот за судска постапка поради случај на блокада на мигранти на море, додека тој беше член на владата.

Судот во Палермо го обвини Салвини дека ги чувал мигрантите блокирани на брод во август 2019 година во својство на министер за внатрешни работи, бидејќи  одбил да дозволи брод со повеќе од 80 мигранти да влезат во сицилијанското пристаниште.

Салвини (47) се соочува со затворска казна до 15 години, доколку биде прогласен за виновен на суд.

– Горд сум што ја бранев Италија и повторно ќе го сторија тоа. Оние што мислат дека ќе ме исплашат со судење што е политичко, се лажат, рече Салвини.

Би можело да ве интересира

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски