Италија протера Албанец поради тероризам

Од:

Италијанските власти протераа албански државјанин поради пораки против празникот Божик на неговиот профил на фејсбук, како и поврзаност со имамите уапсени во Косово за тероризам и поттикнување верска омраза.

Според италијанското Министерство за внатрешни работи станува збор за Шабан Цаца, кој подолг период живеел во Падова, а кој се смета за „лице опасно за националната безбедност на земјата“.

Тој, во придружба на италијански полицајци е депортиран до албанската граница,со забрана за влез во Италија во период од десет години.

Истрагата за неговата активност ја водел секторот за антитероризам и полицијата од Падова,во соработка со разурнавачките служби.

Италијанскиот прв полицаец, Матео Салвени, се заблагодарил на полицијата од Падова додавајќи дека „во Италија повеќе нема простор за било кого, кој се обидува да донесе војна во нашиот дом“.

Во почетокот на август годинава, италијанските власти протераа четири лица осомничени за тероризам, меѓу кои и еден македонски државјанин. Четворицата странци, од нив еден Албанец (37) од Косово, еден Албанец (39) од Македонија, Французин (28) кој го примил радикалниот ислам и државјанин на Тунис (45), беа протерани поради опасност по безбедноста на земјата.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа