Италија: Коалиција Берлускони и Берзани или нови избори

Од:

Градоначалникот на Фиренца и функционерот на Демократската партија Матео Ренци, му порачаа на лидерот на партијата Пјер Луиџи Берзани дека ќе мора да договори коалиција со поранешниот премиер Силвио Берлускони или да бара нови избори.

-Не можеме да чекаме Берзани да добие поддршка. Смешно е да истраеме на блокираната ситуација. Мораме да направиме нешто, да добиеме влада која е формирана од претседателот, голема коалиција или ќе одиме на избори-изјави Ренци.

Лидерот на демократите Берзани не успеа да формира влада, по што преговараше со потенцијалните партнери, помеѓу останатите и со Популистичкото движење со кое раководи комичарот Бепе Грило.

Берзаниевата коалиција на левиот центар има мнозинство во долниот дом на Парламентот, но не и во горниот дом на Сенатот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески