Италија ќе им исплаќа по 200 евра на семејствата со ниски и средни примања во борба против инфлацијата

Од:

Италија денеска планира да одобри нов пакет помош, вреден 14,3 милијарди евра, чија цел е да ги заштити компаниите и домаќинствата од наглиот пораст на трошоците за енергија и цените на производите за широка потрошувачка.

Италијанскиот премиер во оставка Марио Драги сака да го воведе тој пакет помош на веќе одобрените 33 милијарди евра, со кои од јануари ќе се намалат огромните трошоци за струја, гас и бензин.

Со предложениот пакет мерки се планира продолжување на постоечките мерки насочени кон намалување на сметките за струја и гас за домаќинствата со ниски приходи до четвртиот квартал од оваа година, како и намалување на т.н. давачка за „системски трошоци“.

Италијанската влада сака да го прошири кругот на оние со ниски и средни примања на кои би им исплатила бонус од 200 евра, а планирано е да го продолжи и намалувањето на акцизите за моторното гориво од 21 август на 20 септември.

Рим исто така размислува да им оневозможи на енергетските компании еднострано да ги менуваат договорите за снабдување со електрична енергија и гас за домаќинствата до октомври.

Италија во втората половина од годинава ќе одвои 1,6 милијарди евра за намалување на даночното оптоварување на платите за вработените со годишен приход помал од 35.000 евра, а со цел да се поддржи куповната моќ на постарата популација. Владата ќе ги зголеми пензиите за 2 отсто веќе од четвртиот квартал на 2022 година наместо претходно планираното во јануари 2023 година, што државната каса ќе ја чини околу 2,4 милијарди евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Шведска, пукање во училиште: Не излегувајте, децата лежат на под

Предраг Петровиќ

Маск започнa пресметка со невладините организации, прв на листата НЕД

А1он

Путин за европските лидери: Ќе застанете пред нозете на Трамп, ќе мрдате со опашката пред него

А1он

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

А1он