Италија ќе го поттикнува проширувањето на ЕУ на Западен Балкан

Од:

Италијанската министерка за надворешни работи, Федерика Могерини, синоќа објави во Рим дека за време на актуелното италијанско претседателство со Европската унија ќе ги посети сите земји од Западен Балкан со цел да го придвижи напред процесот на проширување на Унијата, во согласност со напредокот на земјите кои се стремат кон членство, јави дописникот на МИА од Брисел.

-За време на италијанското претседателство, заедно со комесарот за проширување Штефан Филе, ќе ги посетам сите земји од Западен Балкан со цел да се види што може да се направи во процесот на проширување. Нема причина реформите во овие земји да не се признаат и наградаат, рече Могерини пред група дописници од Брисел кои се повикани во италијанската престолнина по повод преземањето на Италија на ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ.

Могерини, која се споменува како најверојатен наследник на Кетрин Ештон на чело на Европската дипломатска служба (ЕЕАС), додаде дека земјите од регионот се на различен степен во однос на европската интеграција, но дека преземаат чекори во вистинската насока и затоа, според неа, истите треба да бидат охрабрени да продолжат со реформите.

-Верувам дека нешто конкретно може да се постигне во процесот на приближување на овие земји кон Европската унија, заклучи Могерини.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера