Италија ја заврши операцијата за спасување на имигранти

Од:

Италија денеска потврди дека ја завршила спасувачката операција и потрагата по имигрантите, наречена „Маре Нострум“, за време на која биле спасени повеќе десетици илјади луѓе, повеќето од африкански земји, кои се обиделе да го преминат Медитеранот.

Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Анџелино Алфано истакна дека од утре почнува нова операција, под името „Тритон“, која ќе биде многу поограничена мисија, предводена од пограничната агенција на ЕУ, Фронтекс.

– „Маре Нострум“ завршува. Италија ја исполни својата должност, нагласи Алфано, додавајќи дека италијанската Влада потрошила околу 114 милиони евра за големата поморска операција, откако при два бродола минатата година загинаа над 400 имигранти.

Хуманитарните агенции ја осудија одлучноста на Италија да ја заврши оваа операција.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага