Италија ја зајакнува граничната контрола, не исклучува терористички упад на Апенините

Од:

Италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано денеска изјави дека Италија ја зајакнува граничната контрола на аеродромите, пристаништата и патиштата по синоќешните напади во Париз.

– Веќе наредивме да се зајакне граничната контрола, посебно на границата со Франција, истакна Алфано по седницата на советот за национална безбедност.

Тој нагласи дека зајакнато следење се координира со француските власти, со цел да се спречат минувања кои можат да ја нарушат морската истрага.

Северозападната италијанска област Пиемонте се протега на една од француските граници.

Италијанскиот министер додаде дека Италија не ја исклучува можноста за терористички упад на Апенините заедно со мигрансткиот бран.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага