Италија иницира антиисламистичка коалиција за Либија

Од:

Италија е подготвена да испрати неколку илјади војници во Либија, кои би ја предводеле меѓународната коалиција за борба против исламистите во оваа северноафриканска држава, изјави италијанскиот министер за одбрана Роберта Пиноти во интервју за весникот „Месаџеро“.

– Италија е подготвена да раковиди со коалиција составен од држави од регионот и европски и афикански земји, што ќе го спречи ширењето на Калифатот, кој се доближи на 350 километри до нашиот брег, нагалси Пиноти.

Таа истакна дека Италија, која испрати 5.000 војници во Авганистан, мора да биде подготвена да стационира поголем број војници во земја која е поблиску до нејзината територија и во која случувањата предизвикуваат поголема загриженост во Рим.

Пиноти најави дека ваквата идеја шефот на италијанската дипломатија Паоло Џентилони ќе ја презентира пред членовите на Парламентот на Италија, кои би требало да донесат одлука за евентуална ваква мисија.

– Треба да бидеме присутни во Либија, како што се вмешавме во Ирак за да им помогнеме на храбрите курдски борци, рече Поноти.

Иницијативата на Пиноти следува откако во четвртокот групи блиски до џихадистичката организација Исламска држава презедоа контрола врз либискиот град Сирт, кој е главна артерија за извоз на нафта од Либија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески