Италија и ЕК запреа пратка со вакцини за Австралија и ги зачуваа за себе

Од:

Во потег што е знак за растечката побарувачка за секоја доза од вакцините против коронавирусот, Италија и Европската комисија денеска го блокираа извозот на пратка со 250.000 дози од производителот АстраЗенека кои требало да тргнат кон Австралија, поради тоа што шведско-британската компанија не исполнила обврски од договорот за достава на вакцини во ЕУ, јави агенцијата Ројтерс.

Италијанската влада не го одобри извозот на пратката со вакцини, произведени во фабриката на АстраЗенека во Анањи, близу Рим.

Италија формално побара да се запре пратката, користејќи го новиот систем за контрола на извозот во ЕУ, кој стапи на сила на 30 јануари. Европската комисија го одобри барањето, а ова беше првиот пат една земја-членка да го искористи механизмот.

Според Ројтерс, посочените дози од вакцината на АстраЗенека сега ќе бидат распоредени низ земјите од ЕУ, кои се во очајничка потрага по вакцини, откако еден дел од населението ја прими првата доза, а само мал број луѓе се комплетно имунизирани. Околу осум отсто од вкупното население на ЕУ досега примило вакцина, додека во Велика Британија оваа бројка изнесува 30%.

Пратката за Австралија била дел од околу 1.2 милиони дози од вакцината од европските фабрики на АстраЗенека кои треба да пристигнат во земјата.

АстраЗенека е во спор со Европската комисија околу испораката на вакцините, откако минатиот месец соопшти дека е во состојба да достави само околу 40% од договорените дози во ЕУ во првиот квартал, поради проблеми во производството.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа