Истрелана ракета од Либан кон Израел

Од:

Либански безбедносни службеници соопштија дека доцна синоќа е истрелана ракета од јужниот дел на Либан кон Израел.

Ракетата е испукана од локација во близина на јужниот либански град Марџајун, десетина километри од северната граница со Израел.

Израел соопшти дека не е предизвикана материјална штета и дека жителите на Метула во северниот дел на земјата слушнале експлозија, како и дека се трага по ракетата.

– Се слушна експлозија. Областа се пребарува од војници. Причините се уште се истражуваат, изјави портпарол на израелската армија.

Во јужниот дел на Либан, освен шиитската организација Хезболах, активни се и голем број палестински групи.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави