Истражување: Во просек 15 отсто Бразилци имаат антитела на Ковид-19

Од:

Во просек, 15 проценти од 210 милиони луѓе во Бразил имаат антитела кон Ковид-19, соопштија истражувачи. Студијата спроведена од Државната фондација за истражување (Фапесп) и Федералниот универзитет во Сао Паоло (Унифесп) е спроведена од јануари до крајот на април кога бројот на заразени бил голем. Истражувачите откриле дека нивото на антитела варира во цела земја.

На пример, во североисточната држава Цеара, 9,89 проценти од луѓето имале антитела, наспроти 31,4 проценти во северната држава Амазона, која беше сериозно погодена од пандемијата, па дури и се појави нов локален вид познат како П1

„Тие резултати покажуваат дека има многу просторни варијации во епидемијата. Имаме неколку епидемии, не само една во Бразил”, изјави Марсело Буратини, водечки истражувач и професор на Унифеспо.

Присуството на антитела кон Ковид-19 сугерира дека лицето веројатно во одреден момент било заразено со вирусот, а исто така може да значи и дека има одреден имунитет.

Бразил беше сериозно погоден од пандемијата на коронавирусите и со повеќе од 450.000 смртни случаи е втора земја во светот по САД со најголем број смртни случаи. После неколку месеци негирање на сериозноста на вирусот, претседателот Жаир Болсонаро беше нашироко критикуван за начинот на кој го управуваше за време на пандемијата и за бавното и нерамномерно воведување на вакцината. Истражувањето опфати 120.000 луѓе во 133 општини низ целата земја, во периодот од 25 јануари до 24 април.

„Помалку од еден процент од анкетираните лица изјавија дека примиле вакцини и скоро никој од нив не ги примил двете дози“, рече Буратини.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск