Истражување: Над 80 проценти од Британците не ја почитуваат самоизолацијата

Од:

Над 80 проценти од луѓето во Велика Британија не ги следат упатствата за самоизолација кога имаат симптоми на Ковид-19 или во случај да имале контакт со некој што е позитивен на тестот, покажува истражувањето спроведено од лондонскиот Кралски колеџ.

Истражувањето ја доведува во прашање ефективноста на англиската програма за тестирање и следење.

Според истражувањето, само 18,2 проценти од луѓето кои пријавиле симптоми на Ковид-19 во изминатите седум дена не излегле од дома откако се појавиле симптомите и само 11,9 проценти побарале да направат тест за Ковид-19

Исто така, утврдено е дека само 10,9 проценти од луѓето на кои им било кажано да се самоизолираат 14 дена по близок контакт со лице кое имало Ковид-19 го почитувале тоа.

Владата минатата недела воведе парични казни до 10.000 фунти за кршење на правилата за самоизолација и понуди исплата за поддршка од 500 фунти на ниско платените работници кои губат приход поради карантин.

Истражувачите велат дека финансиската поддршка за оние кои треба да се изолираат може да ги охрабри луѓето да се држат до упатствата.

Студијата е спроведена помеѓу 2 март и 5 август врз основа на 42.127 одговори од 31.787 испитаници постари од 16 години.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он