Истрага во Италија против корупцијата кај тендерите за јавните проекти

Од:

Италијанската полиција покрена широка истрага во повеќе градови на Италија,меѓу кои се и Милано,Рим и Фиренца,околу корупцијата и симневањето за подмитување кај распишаните тендери за изградбата на разни јавни проекти,а пред се, за изградба на делници за италијанскиот воз со голема брзина ТАВ.

Во соопштението на полицијата се вели дека засега се уапсени четири лица,како и дека се извршени бројни рации и претреси на повеќе локации во низа градови во Италија.

Еден од уапсените е поранешниот директор во Министерството за јавни работи,Ерколе Инкалца,а под истрага се ставени сите досега направени договори за изградбата на железничката и патната мрежа,вклучувајќи ги и ТАВ возовите,во поблиската и подаечна околина на Фиренца.

Полицијата откри дека како осомничени се водат 51 лице,меѓу кои има и политичари.Како еден од осомничените се води и поранешаниот пратеник на Европскиот Парламент,Вито Бонсињоре.

Освен за тендерите за реализацијата на разни крупни јавни проекти,со истрагата е опфатен и договорот за изградба на италијанскиот павилјон на Експо 2015 во Милано.

За сите договори што се постигнати за изградбата на низа сообраќајни и други проекти,наменети за јавни потреби,италијанската полиција се сомнева дека се направени со давање и примање поткуп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески